Вработен во АРМ лажно продавал дрва и од граѓаните одзел 60.000 денари

Од:

36-годишно лице, според неофицијални информации вработено во АРМ, од кумановското село Романовце со измама собрало 61.000 денари од неговите познаници. Тој во изминатиот период измамил девет граѓани на Куманово, така што ги лажел дека ќе им продаде дрва за огрев.

Кумановската полиција е запознаена со случајот и соопшти дека е немоќна да преземе какви било службени дејствија, односно да поднесе кривична пријава против сторителот.

policijaKumanovo

Портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска апелира граѓаните да внимаваат при купување дрва, бидејќи според нивните сознанија е честа појавата продавач да измами купувачи, така што ќе дојде во домот на граѓаните и да ќе им нуди дрва по ниска цена.

-Купувачите главно повозрасни лица ги доведува во заблуда дека камионот со дрва треба да пристигне и измамникот им зема капар, по што си заминува ветувајќи дека веднаш ќе се врати заедно со камионот-истакна таа.

Според СВР Куманово регистрирани се и други видови на измами како ветувања за вработување во Авганистан или некоја друга работна организација, продажба на накит по многу ниска цена, нудење на услуги како гатање, бајачки и слично.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ