Вознемирувачко видео: Со раце се собира медицинскиот отпад на Клинички

Од:

Крв, игли, шприцеви, медицински отпад измешан со обичен комунален отпад е скандалозната глетка на Клиничкиот центар пред неколку дена. „Макфакс“ дојде до видео на кое се гледа дека комуналните работници со камион на „Дрисла“ без соодветна опрема, маски и ракавици и со несоодветни камиони за ваков тип на отпад го собираат ѓубрето каде што има жолти кеси со назнака „медицински отпад“, а тој се фрла во истите контејнери со преостанатиот смет. Додека комуналците го собираат ѓубрето, на земјата има остатоци од крв, а тие со обични метли ги собираат шприцевите, иглите и крвавите материјали помешани со храна.

Ова е надвор од процедурите, кои предвидуваат дека медицинскиот отпад исклучиво треба да биде одделен од комуналниот отпад. Собирањето на медицинскиот отпад исто така треба да се врши независно и одделно од комуналниот.

Ова ѓубре завршило на депонијата каде што според наши информации печката за согорување на медицинскиот отпад не работи веќе половина година и истото се депонира во специјален ров каде што се чува додека печката повторно не проработи. Во ровот наводно се депонира медицинскиот отпад но нејасно е како тој се селектира кога се собира заедно со останатиот. Од Дрисла негираат дека печката не работи веќе шест месеци, туку велат дека таа не е во функција 15 дена и дека до понеделник ќе биде поправена.

„Капацитетот на ровот што е направен е 150 кубни метри, дневно отприлика се носи по околу 10 кубни метри. Напрвивме ров за привремено складирање на медицински отпад , меѓутоа тоа е ров за отпад кој што се собира од клиниките не смее да стои подолго од 24 часа. Тој отпад го ставаме во посебен ров кој што е обложен со гел мембрана согласно регулативата за складирање ваков отпад, тоа е отпадот кој што се носи од клиниките кој што не може да чека.“ , велат од Дрисла.

Јавноста е вознемирена по низата информации кои укажуваат на несовесното работење на Дрисла и сомнежите дека отровниот скопски воздух е последица на несоодветното менаџирање со медицинскиот отпад. Активистите од „Движење за чист воздух“ утре во 12 и 5 часот организираат 15-минутна блокада на влезот на депонијата „Дрисла“.

Тие ќе бараат да се смени правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ-нормативи, во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

„Даваме рок од 15 дена за исполнување на овие барања. Во случај на неисполнување на истите, следниот чекор е блокирање на Град Скопје и поднесување тужба“, велат од движењето.

За неправилно работење досега „Дрисла“ е казнета само еднаш со 8.500 евра кога лани во јануари инспекторите утврдија дека депонијата не ги почитува протоколите за горење на медицински отпад.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло