(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Анима Мунди: Масовно убиство на бездомни кучиња во Струга

Од:

„Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што не може да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“, велат од Анима Мунди.

„И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство.

Го прашуваме Министерство за внатрешни работи дали овој случај, еден од стотици досега видени ке ја добие правдата? Дали Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ке се разбуди од зимскиот сон и празничното расположение и ке ги заштити овие животни како што впрочем и пропишува законот во нивна надлежност?

Апелираме до надлежните институции веднаш да ги преземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство! Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето“, соопштуваат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

„Анима Мунди“ бара итно поништување на наредбата за еутаназија на бездомни кучиња позитивни на лајшманиоза

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Анима Мунди: Заштитата на коњите постои само на скапо платените билборди од ЕУ

Ана Ололовска

Анима Мунди: Лајка е последната алка во синџирот, a единствената која испорачува резултати

МВР: Ќе биде поднесена соодветна пријава за мажот кој уби седум кучиња во Струга

Горан Наумовски

Анима Мунди: Агенцијата за храна и ветеринарство повторно доследна во несопособноста

Анима Мунди: Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка

Ана Ололовска