Вознемирен од смртта на мајка му, гостиварец кршел инвентар во градската болница

Од:

Полицијата повикала на разговор едно лице од Гостивар бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва