Возење со тротинет во Скопје чини 13.000 денари: Ги фрлаат во контејнер, но софтверот си наплаќа и понатаму

Од:

Не помина ниту една недела од проектот со градски тротинети на ЈП „Градски паркинг“ од турската фирма „БинБин“за кој градоначалничката Данела Арсовска не соопшти ништо, а граѓаните споделија еден куп фотографии од оштетени инсталации, кражби на тротинети, фрлени тротинети во контејнер и во тревници.

Додека се развива дебата за тоа дали овие настани само ја покажаа нашата некултура и негрижа за средината или тоа е добро смислена маркетинг кампања на турската компанија и на градското претпријатие, се појавија нови проблеми со системот за електронска наплата на изнајмувањето.

Семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им зема од сметката средства иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата.

Родител се пожали дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата.

За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот во 4 наутро. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што можно е апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари.

„ Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални багови на една апликација кои не настапуваат секогаш, може скоро никогаш да не се појават но може во еден период да се појават често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во работа истата, не биле пронајдени тие багови што е во случајов еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот.

И замислете се појави таков функционален баг како синоќа што се случи со апликацијата на ќерка ми. Си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака да се вози, приметува дека таа си брои. 9ден е минута. За 24ч ќе ви набилда 13000ден.

За 10 дена 130.000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема кај да се обратите. Сметката е направена мора да си ја платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е коси кубење. Се е залудно. Додека не го платите долгот не можете да избришете картичка, не можете да избришете акаунт. Не можете да се сокриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте.

Ви го имаат телефонот. Не зборам ништо на памет. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка. Му благодарам и за тоа. “, напиша незадоволниот корисник на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

Орце Костов

Четворица насилници истепале вработен во Градски паркинг

ЈП „Градски паркинг“: Не е во функција наплаќањето преку СМС порака

А1он

Стоилковски: Даваме рок од 24 часа Демократскиот сојуз да одговори за бесплатниот паркинг на функционери на власта, во спротивно ќе ги објавиме целосните списоци

Катерина Ѓуровски

Христовски: „Градски паркинг“ должи околу 33 милиони денари на Град Скопје за неплатена комунална такса

А1он

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Од 1 октомври почнува зимското сметање на работното време

А1он