Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ

Од:

Додека воздухот во Скопје синоќа мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел.Во време кога Скопје мирисаше на изгорена пластика, батерии и електронски отпад, кога граѓаните стравуваа за своето здравје, на Изет Меџити му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува, велат од ДУИ.

– Го прашуваме: зошто избегавте од вонредната прес-конференција додека луѓето од Трубарево се евакуираа доцна во ноќта? Имате ли грам одговорност за позицијата што ви е доверена?

Но, граѓаните не треба да бидат изненадени од ваквото однесување.

Меџити 20 години во Чаир имаше само лични интереси, а никогаш вистинска грижа за потребите на граѓаните.

Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси.

Со луѓето се среќаваше само пред избори.
Затоа Чаир денес изгледа вака, запуштен, небезбеден и заборавен.

На 19 октомври, чаирчани ќе го поразат Изет Меџити, затоа што е време политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата