Воздух од кој печат очите, Скопје вечерва втор најзагаден град во светот

Од:

Скопскиот воздух вечерва е на второ место по загаденост на светско ниво, веднаш зад Делхи во Индија.

Мерните станици поставени низ целиот град покажуваат дека загаденоста на воздухот е на опасно ниво.

Загадувањето на воздухот стана најголема закана за здравјето на луѓето кои живеат во Скопје, а ситуацијата се влошува со години, наместо да се најде решение. Според досегашните анализи, една од главните причини за енормното загадување е греењето на домаќинствата, со придонес од најмалку 32% во вкупните штетни емисии. Во текот на зимските месеци, според мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање штетните честички на PM 10 се околу десет пати повисоки од максимално дозволените концентрации според националното законодавство.

Непосредно пред Новата година, воздухот во Скопје исто така беше на опасно ниво, поради што беа воведени краткотрајни мерки за намалување на загаденоста, меѓу кои најпопуларна беше мерката за бесплатен автобуски превоз.

Градот Делхи кој е на врвот на листата најзагадени градови, своите најмлади од аерозагадувањето се бори да ги заштити со тоа што ги затвора училиштата во деновите кога воздухот е најтоксичен.

Би можело да ве интересира

Јаневски до Арсовска: Земате над 2.500 евра плата не работите ништо и донесовте банкрот

Ана Ололовска

Јанчева: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да кажат каде потрошија над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Град Скопје: Поради коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси

Ана Ололовска

Атанасовски: Во случај на поголеми штети на мостот „Беласица„ немаме фирма која е во можност да ја утврди фактичката состојба

Ана Ололовска

Арсовска му се закани на Кичевски со тужба: Да се извини или ќе треба да докажува на суд дека Градот е пред банкрот

Кичевски: Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е пред банкротот и целосен колапс, потребна е седница на Советот