Вчера во 18:15 часот на железничката пруга Неготино, кај местото „Лагот“, се случила железничка незгода во која брзиот воз бр.334, кој сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, удрил во лицето Зијуат Ј.(56) од Сирија, кој починал на лице место.
Во моментот на незгодата биле присутни уште шест лица сириски државјани, кои по наредба на јавен обвинител ќе бидат однесени во Прифатниот центар Скопје.
Увид на лице место извршла екипа од ПС-Неготино.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.