Воз прегазил жена во близина на скопско Миладиновци, информираат од полицијата.
Утрово, околу три часот, товарниот воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Табановци управуван од четириесет и петгодишниот машиновозачот Љ.Р. кај железничката станица во селото Миладиновци, удрил во жена, чиј идентитет засега е непознат.
Од силниот удар, телото излетало далеку од шините, а полицијата откако излегла на терен го пронашла мртвото тело на непознатата жена.
Од полицијата велат дека работи на случајот и дополнително ќе се утврдуваат деталите за тоа како дошло до несреќата.
Телото на починатата жена по наредба на истражен судија било дадено на обдукција, а полицијата работи на утврдување на идентитетот.