Воз прегази човек на пругата помеѓу Тетово и Гостивар

Од:

На пругата помеѓу ЖС-Тетово и ЖС-Гостивар, во непосредна близина на патниот премин во близина на фабриката „Тетекс“ во Тетово, вчера околу 18:00 часот патничкиот воз бр.662 кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, прегазил пешак – машко лице кое  од здобиените тешки телесни повреди починало на лице место.

Смрт констатирал доктор од  Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР-Тетово. Утврден е идентитетот на починатиот и се работи за Гоце Г.(1983) од Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб. Железичкиот сообраќај бил во прекин од 18:00 до 21:15 часот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски