А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Воспитувачки од Струмица и Ќустендил, Бугарија учеа за Еко-образование

by А1он06/11/2017 - 13:05259
Share0

Воспитувачи од детските градинки од Струмица и Ќустендил, Република Бугарија учествуваа на дводневната обука „Моделирање на проектни активности поврзани со значајни датуми за екологијата со користење на Прирачникот за еколошко образование на деца, наменет за воспитувачите од детските градинки“, што се одржа во Струмица.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Станува збор за проект кој во себе обединува две важни компоненти, прекуграничната соработка, зошто ако во политичка и државна смисла постојат граници, во еколошка смисла нема граници. Од друга страна вклучувањето на градинките и децата од предшколска возраст да стекнат еколошки навики за цел живот, рече професор Глигор Петров, консултант на проектот.

Од Одделението за меѓународна соработка и ЕУ фондови, од Општина Струмица, велат дека со оваа активност финализира и подготовката на Прирачникот за еколошко образование.

– Оваа активност значи и јакнење на капацитетите на воспитно-образовниот персонал на детската градинка „Детска радост“ од Струмица и „1 јуни“ од Ќустендил, соседна Бугарија. Преку ова ќе создадеме неформална мрежа преку која, воспитувачите од двете градинки во иднина може да разменуваат искуства во делот на еколошкото образование и заштитата на животната средина. Ја финализиравме и крајната верзија на Прирачникот за подобрување на нивниот персонален развој за заштита на животна средина и користење обновливи извори на енергија, рече Драган Гонев од ЛЕР.

Следете a1on на Youtube YouTube

Обуката која се одржа викендов, е во рамките на проектот „Еко градинки за одржлива иднина“, финансиран од ЕУ преку ИНТЕРРЕГ- ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020 година.

bugarijastrumica

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Катерина Ѓуровски11/11/2026 - 08:47

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

Горан Наумовски10/11/2026 - 21:28

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски10/11/2026 - 11:1410/11/2026 - 13:32

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:08

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он03/11/2026 - 15:52

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Горан Наумовски03/11/2026 - 09:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео