Волонтерите од „Сите заедно можеме“ ќе ги возат возрасните и изнемоштените до вакциналниот пунк во Струмица

Од:

Волонтерите од здружението „Сите заедно можеме“ кои помагаат во пунктот за вакцинација во Струмица од вторник ќе им помагаат на возрасните и изнемоштени граѓани кои не се во можност сами да одат на вакцинација.

Здружението објави дека со возило, волонтерите ќе ги земааат и ќе ги возат овие лица до вакциналниот пункт.

„ Оваа активност ќе ја спроведеме со цел да ги растеретиме здраствените работници да не мора да одат на домашна адреса да ги вакцинират луѓето и целиот процес да биде забрзан се со цел за доброто на нашите сограѓани“ – се вели во објавата на здружението на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица