Знам дека во овој период на сите можни математики и превирања е многу тешко човек да каже нешто, а тоа да не испари или пак да не остане незабележано бидејќи секој збор се мери.
Е да појдам од аспектот на обичниот македонски граѓанин и да прашам: Дали ќе има за леб?
Или пак да прашам од аспект на интелектуалец и да прашам дали има излез?
Добро почитуван мој народе дали не ни е доста од ова што се се случува ама за жал баш само кај нас ? Па до кога ќе гледаме и ќе слушаме за луксузите со наши средства, а ние да врзуваме крај со крај ? Дали не ни треба освестување кога сите економски експерти ни велат Македонија оди кон самото дно, а ние слушаме и гледаме провладини гласноговорници како ни перат мозок и како викаат дека Македонија е Дубаи ? Дали тоа не боли?
Боли и тоа премногу , за оној кој може да сфати и да поверува во сегашноста, и кој не е заблуден и изманипулиран.
Пред извесен период поставив прашања кон сезнаечкиот министер за здравство да одговори на неколку мои поставени прашања од колумната макар и јавно зашто многу љуби камери ама намерни и конструирани, а не реални и природни. Одговор ниту јавно ниту во некоја форма не добив. За жал..
Министре, како ќе се произнесете во врска со сето што ви се случува вам и на здравството ? Кој го раководи здравството или нема пилот во авионот?
Дали треба народот да суди? Па ако суди Вам и онака ви пресуди одамна и ве нарекоа Министер за СМРТ зарем не ве боли министре кога тоа ќе ви го пренесат ? Ах народот се освестува за себе прво за своите најмили и за се што им се случува во овој здравствен систем . Министре погледнете ги ревизиските извештаи зар не ве болат?
Продавате ветер во магла, а ревизијата друго ви кажува , кажувате реформи сте имале а болниците се во долгови и се пред колапс. Па уште на сето тоа ќе спасувате реформски отворање на слободни здравствени зони ?? Кој тоа таму на вас ви кажува како треба и како ќе изгледа сето тоа?
Слободно слушајте ги наредбите и не гледајте кон своето семејство кое утре да е здраво и живо ќе види и научи што неговиот родител направил за него- монструмски ситем на здравство , полн со “ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ” кои велите во предлогот за закон дека државата ќе ги помогне? Не очекува период на превирања и на конкретни промени за кого болни за кого морални и кредибилни. Се надевам како лекар и интелектуалец , дека самиот ќе сфатите дека законот што сте го предложиле не ви „држи вода“ и дека е толку популистички и недодржан за да сами одлучите да го повлечете. Не правете министре резили од себе си и од државава наша страдна.
Верувајте, ако почнеме сега во моментов да ги анализираме ревизорските извештаи на институциите кои функицонираат како најбитни и најголеми во државата нема да можат да ве оправат ниту 10 јапонски микрохирурзи, ужас, знаете и кај се поставени и ако ви се спомнат центри како Куманово, Онкологија и што уште ли не, сафрите нема да ви се дигнат само на вас туку и на сите професионалци и на народов кој доста време е лажен и манипиулиран . Многу предлог закони почнаа да ви паѓаат така да и овој ќе биде еден од многуте во низата. Ајде само колку за етаблација за да седнете и прочитате сите читатели дури и министерот ревизија на регуларности, а се следни: ЈЗУ Куманово, ЈЗУ Железара , ЈЗУ Клиника за Гинекологија и Акушерство , ЈЗУ Клиника за Радиологија , ЈЗУ Клиника За Пластична и реконструктивна хирургија ..секаде е изразено неповолно мислење во врска со работењето.
Е, почитувани мои каде ние тоа живееме, а ни се прават филмови од типот на Дубаи, Јужна Кореа , Турција и уште каде ли не, а веќе чуствуваме дека котелот наш македонски е ужас, а ни се прикажува идилично сарказам , смеа , болка сето тоа измешано и болно за интелектуалното и народското јадро. Министре, со ваш АМИН жалосно. Извештаите се точни, а вашите предлог закони се смешни.
На лагата нозете и се кратки, а во Македонија нема никогаш да се дозволи бидејќи сме такви овците да се на број, а Волкот да е сит.
Се надевам дека набрзо и оваа трагикомедија ке заврши и сите ќе си го добијат заслуженото.
Д-р. Ангелчо Андоновски