Војна за земјиштето, причина за петкратното убиство кај Смиљковски езеро? Дилемата по четиримесен молк ја отвора неделникот „Фокус“.
Пет лица се осомничени за петкратното убиство. Има уште два месеци за да се заокружи истрагата.
„Фокус“ , повикувајќи се на анонимни писма кои стигнале до редакцијата, и чепкајќи по архивите, пишува дека еден од осомничените боде очи. Се работи за помагачот на директните убијци, Фејзи Азири. Тој под концесија го земал земјиштето околу Смиљковско езеро, и не штедел оружје и порано во одбрана на земјиштето.
Според неделникот се се сведува на тоа чие е земјиштето околу езерото, и наместо да се откријат вистинските мотиви , за убиството власта фрли „бомба“ дека е исламски радикализам.
„Фокус“ ја остава дилемата дали во ова се вмешани други лица кои некој сака да ги сокрие или се крие порака, притисок или уцена.
Истрагата за грозоморното убиство трае, а не е расветлен ниту мотивот.