ВИДЕО: Две години затвор за Никола Груевски за набавката на мерцедесот, шест и пол години за Поповски

Од:

Екс премиерот Никола Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание за што судот му одреди 2 години затвор. Ѓоко Поповски е виновен за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како одговорно лице во МВР и за него судот одреди казна од 6 години и 6 месеци затвор. За двајцата е наложено да ги надоместат трошоците за постапката во висина од 325, 584 денари.

-Неспорно е дека со искористување на своето влијание како премиер влијаел да се изврши службено дејствие кое не би смеело да се изврши. Премиерот треба да се грижи за интересите на граѓаните и треба да знае дека еден од основните принципи е принципот на отчетност. Граѓаните мора да знаат како се трошат нивните пари, никој па ни премиерот не смее да ги потценува граѓаните како што тоа го направил Никола Груевски со набавката за себе на луксузно возило, рече судијката Добрила Кацарска.

Според судот од изведените докази, неспорно е дека е набавено патничко возило мерцедес, во вредност од 35, 226. 000 денари, на наместен тендер односно незаконска постапка.

Ова возило е набавено од страна на обвинетиот Никола Груевски, кој извршил влијание и побарал од екс министерката Гордана Јанкулоска преку МВР да го набави. Таа со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски да го набави возилото мерцедес со фаворизирање на Макаутоастар со цел да се исполни желбата на Груевски. Во спецификацијата на возилото, во тендерската документација имало повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство односно кои упатуваат на мерцедес.

Според судот во техничките спецификации се наведени и посебни услови како бесплатен сервис, а во самата понуда на Макаутостар се утврдува дека е единствен кој има овластен сервис и се исклучува можноста некој друг да конкурира.

– Не може да стане збор дека Ѓоко Поповски не бил свесен за незаконското форсирање на операторот Макаутостар. Потписник на договорот е Ѓоко Поповски од страна на МВР и заклучно со 29.10.2012 биле исплатени 35, 226 000 денари.

Резервацијата на возилото била направена пред да биде воопшто завршена тендерската постапка. Во електронската комуникација од март 2012, Марко Јовановски од Макаутостар до производителот во Германија напишал дека ќе се набавува мерцедесот иако не била завршена законската постапка за набавувачот.

Според судот и од прислушуваните материјали се забележува дека Никола Груевски во разговор со Јанкулоска и вели дека проспектот е пред него, и него го одвоил, а таа да продолжи со реализацијата натаму, тој бара да има и екрани во возилото. Тој вели дека ги видел сите три, се мисли на проспекти, и дека се одлучил за М (мерцедес). Груевски според судот знаел дека е неисправно тоа што го прави и затоа не го спомнува целото патничко возило и вели она на М.

Одбраната предложи повеќе сведоци дека имале проблеми со старото возило, посочија од судот, но предмет на обвинение не е оправдоноста на набавка на возило, туку фаворизирање на економскиот оператор Макаутостар што е спротивно на законот.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска