ВИДЕО: Протест на жителите на Ѓорче Петров за прегазеното дете

Од:

Жителите на Ѓорче Петров денеска повторно излегоа на протест пред основното училиште „Мирче Ацев“, каде вчера околу 19.30 часот на пешачки премин беше прегазено 10-годишно дете.

Лицето кое го прегази детето се обиде да ги избегне препреките на патот, префрлувајќи се на спротивната лента, каде наишол на детето кое ја преминувало улицата.

Откако се случил немилиот настан, возачот го ставил детето во својот автомобил и го однел во Ургентниот центар. Прегазеното дете заврши со посериозни последици, внатрешно крварење, напукнат череп и исчашено рамо, но сега е надовр од животна опасност.

Половина час по настанот полицијата излезе на лице место да направи увид, каде наидоа на гневните граѓани кои претходно го започнаа протестот поради, како што велат, неодговорноста на надлежните органи да постават семафори и лежечки полицајци, иако тие тоа го барале неколку пати.

На истото место пред училиштето „Мирче Ацев“ пред две недели се случила сообраќајка, во која исто така било повредено дете кое ја преминувало улицата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

А1он