(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Од:

Советот на Карпош да го оспори пред Уставен суд ДУП-от во Ѓорче затоа што го загрозува животот на карпошани, бара градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот  за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.

„ На криминален начин го донесоа ДУП-от кој се наоѓа во непосредна близина на населбата Влае, односно на границите со Општина Карпош, каде се предвидуваат 30-тина згради кои ќе бидат со по 20 ката, 17-ката, меѓутоа најголемиот проблем е тоа што се предвидени три големи хемиски фабрики и каде што според Урбанистичкиот план се наоѓа тешка и незагадувачка индустрија. Проблемот е што овие хемиски фабрики ќе ја загрозуваат Општина Карпош, но во исто време се во близина на бунарите Лепенец и Вардар од кое што над 30 % од потребите на Скопје во летните периоди се надоместува токму од ова бунарско подрачје и од каде што имаме исклучително квалитетна вода за пиење“, вели Јакимовски.

Тој е разочаран што ниту иницијативата О2, ниту независните советници од Општина Карпош, ниту претставниците од Левица, ниту претставниците на ВМРО-ДМПНЕ, досега немаат никаква реакција во однос на Урбанистичкиот план кој што го загрозува животот на граѓаните на Општина Карпош, особено на жителите на Влае.

„ Очигледно, јас како градоначалник морам да реагирам и да побарам итна и вонредна седница од претседателот на Советот, од господинот Бранко Ристов. Барам од претседателот на Совет, да свика итна седница и да донесеме одлука со кој овој Урбанистички план за прв пат, ние како Општина, би побарале поништување на Уставниот суд, бидејќи планот, советниците таму немале доволно време да го видат, закажана е седницата на 16-ти, а донесен е на 17-ти. Градот Скопје не дал свое мислење кој е надлежен да даде свое мислење кога се работи за фабрики кои треба да се градат, а се во непосредна близина на бунарите Лепенец- Вардар, и што е најважно, граѓаните мора да знаат таму над 100.000 метри квадратни, над 10 хектари, ќе се купи земјиште по 70 денари по метар квадратен. Таа е уште една огромна далавера која што сака да се направи, а ќе се однесува на штета на граѓаните на Влае и на Општина Карпош, изјави градоначалникот Јакимовски.

Со реакција и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Арсовска вели дека најмал проблем се зградите. Нејзе ја загрижува небезбедноста на планот. Според неа, при катастрофа и криза од природна непогода, се соочуваме со опасност половина Скопје да биде отсечено, бидејќи како што вели, не е корегиран ДУП-от согласно стандардите.

Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница.

Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош.

„ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар. Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради“, реагираа и од граѓанската иницијатива О2.

 

 

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал

(ВИДЕО) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите