Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание

Од:

Претседателот на државата, неговата сила и функција мора да извира од граѓаните. Ако извира од партиите, тие и ќе му ја земаат силата, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување во „360 степени“ на МРТ1.

– Децидно сум против бирање на претседател во Собрание, нагласи Јакимовски.

Според него ДУИ кога не знае што да каже се фаќа за руски влијанија.

– Балансерот нема врска со руски влијанија и тој е пробиен веќе одамна, бројот на Албанци во администрацијата е далеку над тој број утврден со Балансерот и сметам дека не само Балансерот, туку и дека мора да прекинеме со партиски вработувања, вели Јакимовски кој додаде дека пoлитиката треба да ги тргне рацете од образованието, здравството и безбедносните структури – рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал

(ВИДЕО) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите

Јакимовски: Македонија е подготвена да чека на прием во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски