Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да се јави на издржување затворска казна во „Шутка“

Од:

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули треба да се јави во Казнено-поправната установа „Скопје“ во Шуто Оризари за издржување на правосилно изречената затворска казна од една година.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија за извршување на санкции му издал упатен акт на осудениот С.Ј., со кој е задолжен на наведениот датум да се пријави во затворот.

„Судија за извршување на санкции од Кривичниот суд Скопје на осудениот С.Ј. му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година“, соопштија од Судот.

Пред неколку дена, по одлука на Апелационен суд Скопје, Јакимовски правосилно беше осуден на една година затвор во предметот што се однесува на изградбата на општинската зграда во Карпош.

Сепак, поранешниот градоначалник нема да ја издржува целосната едногодишна казна зад решетки, бидејќи во пресметката на казната му се признава времето поминато во притвор. Според достапните информации, во казната се засметани петте месеци што ги поминал во притвор, што значи дека му преостануваат уште околу седум месеци за издржување во затворската установа во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Лукровски злоупотребил национални чувства за лична промоција

(ВИДЕО) Јакимовски: Инаетот на министерот Ристовски ги спречува младите карпошани да го користат базенот кај салата „Партизан“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јакимовски: Карпош не се откажува од култната сала „Партизан“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Јакимовски и жители на Злокуќани не сакаат Центар за зависници во болницата „Бардовци“

Јакимовски: Со поставувањето на фотоволтаици ќе се придонесе за поздрава и почиста животна средина

Горан Наумовски