Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Од:

Моите искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија, за денешниот изборен ден, ва беше навистина достоинствено цивилизирано завршено како што доликува на граѓани кои живеат во Европа и во 21 век. Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори, изјави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Во оваа изборна камапања немам никаква забелешка на однесувањето на моите противкандидати, освен тоа дека имавме само една дуел емисија и дека двајца кандидати беа исклучително финансиски фаворизирани што сметам дека на следните избори тоа треба да се корегира и да има рамноправна поделба на средствата.

Немањето на дуели ја направи оваа кампања неатрактивна, затоа нема излезеност ни 50%, а критики и за гласањето во дијаспората бидејќи се работи за работен ден и луѓето треба да работат, а работодавачите не им даваат слободен ден за да гласаат и тоа треба да се поправи до следните претседателски и парламентарни избори – рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал

(ВИДЕО) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите

Јакимовски: Македонија е подготвена да чека на прием во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски