Стотина граѓани денеска се собраа пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на основачот на „Зелена алтернатива“, активист за легализација на марихуаната и регионален едукатор за лекување со масло од канабис, Филип Достовски.
Како што беше кажано од организаторите на протестот, тие бараат да се овозможи достоинствен живот и лекување на слобода со канабис без страв од реперкусии.
Јавното обвинителство покрена обвинение против Достовски откако при претрес на полицијата, кај него било пронајдено, како што рече, див коноп кој расте во Кочани.
Денеска во Основен суд Скопје 1 се одржува првото рочиште против Достовски. Тој со аплаузи од учесниците на протестот беше испратен во Судот.
Достовски јавно изјави дека полицијата му извршила претрес по налог на некоја фармацевтска компанија.
Виктор Јованов