(ВИДЕО) Дуковски: Неосновани се аргументите на опозицијата за измените на законот за опојни дроги, бидејќи тие не кажуваат кои сегменти им пречат

Од:

Министерството за здравство и здружението „Зелена алтернатива“ и натаму различно гледа во делот на предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанци, чии измени треба да се донесат во Собранието. Претседателот на здружението на производители на канабис за медицински цели „Мак-канабис“, Костадин Дуковски, пак, смета дека канабисот мора да се третира според норми регулирани со закон, за потоа да се извезува, за што и тие се борат. Суштината на измената на законот е да се пополни недостатокот во делот на издавањето на лиценци за одгледување на канабис, кој потоа, ќе може да се извезе во странство и да се врши неговата преработка, тврди министерот Филипче, додавајќи дека бенефит од извозот имаат и пациентите со помош на данокот кој ќе го наплаќаат од фирмите. Во текот на дебатата, Филипче му потенцираше на претставникот од „Зелена алтернатива“, Филип Достовски дека може да се интервенира во законот со амандмани, доколку има потреба.

„Навистина сме желни да слушнеме искуства. Таа агенција која треба да се формира ни е неопходна за да ја официјализираме комуникација со европските земји, како и Центарот за опојни дроги во Лисабон, Португалија. Веднаш потоа, можеме да ги користиме нивните искуства. По кратко време, ќе можеме да ги кажеме сите резултати, идникации, искуства. Ние сме навистина отворени за соработка. Се уште има простор за да се интервенира во законот. Можеби сме имале пропуст во комуникација, но не станува збор за заштита на производител, група, индустрија. Ќе имплементираме предлози. Јас сакам конструктивна дебата во рамки на Комисијата за здравство. Ќе стигнат на ред и луѓето кои имаат конкретни предлози. Ние таму имаме и стручна дебата за некои од овие работи, за да се излезе во пресрет на сите барања, да се имплементира тоа што може сега, а што не може, откако ќе имаме контакт со европските институции. Има простор да се интервенира, доколку е интерес на граѓаните. Сите политки кои ги имплементиравме во минатото, служеа на пациентите. Вистинските потреби и секојдневни предизвици со кои се соочуваат пациентите со ретки болести, ги слушнавме од нив. Не е само дали го има лекот, туку и каде и која количина. Треба така да се продолжи. Се што е согласно медицината, базирано на докази, медицински издржано со анализи и студии, така се напредува. Суштината на измената на законот е важна. Имено, одгледувачите инвестирале голема сума на пари од околу 100 милиони евра и 700 вработени. Тоа се фармацефти, високообразовани лица. Се увиде недостаток во донесениот закон во делот на издавањето на лиценци за издавање на процесот за одгледување на канабис. Се создава цвет кој може да се извезе во странство, каде се врши преработка, односно екстракција. Ние сме затекнати во ситуација каде имаме продукт кој не може да се извезе. Ние имаме обврска да формираме институција која ќе го надледува процесот на производство на канабис, како што направи Германија и други држави. Бараме гаранција од одредена сума на пари за секој што сака да аплицира за лицецна, затоа што сметаме дека така ќе имаме поголема контрола. Ќе има оданочување на извезената количина, со 20 посто кој ќе оди во полза на пациентите“, рече Филипче.

Филип Достовски, здружние „Зелена алтернатива“ спори што според измените на предлог-законто и натаму пацинетите се делат на „рекреативни и медицинска употреба“. Тој потенцираше дека државата не ги слуша пациентите и корисниците на канабис. Достовски смета дека поради 30 производители, на цедило се оставаат илјадници пациенти кои мора да купуваат канабис на црн пазар, бидејќи не можат сами да го произведат.

„Пациентите и корисниците се измеѓу чеканот и наковалната, тоа се медицинската и фармацевската фела која не сака да ги изгуби парите, а другата страна се бизнисмените кои ги искористија пацинетите за да го добијат законот, за да можат да садат и извезуваат. Овде не слушам ништо за пацинетите. Не е точно дека министерот не слуша, не прашувате ниту пациенти, ниу корисници. Глупаво е да ви кажам колку луѓе ми ѕвонат мене и кај здруженијата. Поради 30 производители, оставате на цедило илјадници пацинети, ги терате да бидат криминалци, купувајќи канабис на црн пазар, кој пак, сами може да го произведат. Вие еднаш да не послушавте како што треба, ние ќе немавме црн пазар, сите пацинети да бидат задоволни, ем сите фирми да работат. Проблемот е што има лоби од страна, кое ова го прави за да е се потешко. Кога го донесовме законот бевме меѓу првите, сега сите не престигнаа. Се надевам ќе ги загреете столчињата и ќе имаме добар закон“, рече Достовски.

Костадин Дуковски, претседател на здружението на производители на канабис за медицински цели „Мак канабис“, смета дека се неопходни измените на законот. Тој и замерува на опозицијата бидејќи, без основани аргументи, ги кочат измените.

„Јас сакам преку ноќ да им помогнеме на сите пациенти. Министерот треба да ги пропише подзаконските акти, утре ќе те фатат за 2-3 грама канабис на улица, ти ќе бидеш регистриран пациент. Ќе има право, да имаш 3-4 грама, пошто е регистиран пациент кој може да конзумира. Процесот на носење на измените на законот не е лесен, бидејќи сите партии треба да се усогласат. Неосновани се аргументите на опозицијата за измените на законот, бидејќи тие не кажуваат кои сегменти од законот им пречат. Јас подржувам уште сто пати да ја стимулираат наркоманијата. Ние имаме сериозни ефекти од овој да речеме од овој „год плен“ (растение). „Зелена алтернатива“ се бореше во делот на конзумирање на пациентите. Ние имаме и индустриски канабис кој треба да биде истретиран, тоа укажува дека е сериозна работа од делот на медицината. Се третира според пропишани одредби, а не туку-така, да се преработи како што се прави на црниот пазар“, потенцирајше Дуковски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Невработеност од најниски седум отсто и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата

Филипче од Радовиш вети просечна пензија од 30 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Филипче: Зголемување за 15% на капитацијата за матичните лекари

Орце Костов