Семејствата на осудените за „Монструм“ нема да можат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата после Бит пазар. Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој е најавен од 13.30 од Чаир до Кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите се очекува во секое време да пристигнат каде што ќе бидат пречекани од 100 тици полицајци.
Роднините на обвинетите протестот го најавија во вторникот во знак на револт против изречените затворски казни.
Според роднините на обвинетите „се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на петте лица кои ловеле риба на Смилковско Езеро во 2012 година.