21:10 Заврши протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“.
20:45 Граѓаните кои протестираат пред Владата, на влезот пред зградата испишаа голем графит со различни бои на кој пишува „Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ“.
20:28 Народ пред Влада
20:17 Силно полициско обезбедување пред зградата на Владата.
20:14 Илјадници граѓани во голема колона тргнаа кон Владата на Република Македонија
20:04 „Николаааааа Шутка не ти бега Николааа Николааа“, пеат присутните пред ЕУ Инфо центарот.
Николаааааа Шутка не ти бега Николаааааа Николаааа meL♡VEyou #шаренаРеволуција #протестирам pic.twitter.com/akPvLa6nZu
— В!Дана (@VidanaDeSign) April 22, 2016
19:56 „Конечно сфативме дека не е доволно да се сака нешто, мора да се избориме за тоа и да бидеме истрајни во борбата и најмногу од се да бидеме солидарни, затоа што заедно сме најсилни“, изјави пред присутните демонстранти Александар Донев од граѓанското движење „Протестирам“.
19:50 #Протестирам се повторно пред ЕУ Инфо центарот извикувајќи „Нема правда нема мир!“ #шаренареволуција
19:40 Колоната демонстранти се движи назад кон Министерството за образование и наука.
19:27 Демонстрантите ја бришат бојата од штитовите на полицијата, откако „настрада“ барокната зграда на Агенцијата за медиуми.
19:24 Откако ја обележаа барокната зграда за Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги демонстрантите кренаа транспарент на кој пишува „Не е се толку бело“.
19:15 Се фрла боја врз зградата на АВМУ, при што демонстрантите извикуваат „Нема правда, нема мир!“.
19:08 Демонстрантите пристигнаа пред Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Се слушаат извици „Ова беше парк!“.
Се забележува големо полициско обезбедување.
19:01 Следна насока на движење на колоната е Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно новата барокна зграда кај Бристол за која беше исечен парк.
18:58 „Во борба, во борба, во борба македонски народе“ ечи пред ЕУ Инфо центарот од страна на насобраните демонстранти.
18:50 Демонстрантите се движат кон ЕУ Инфо центарот
18:40 Пред Специјалното јавно обвинителство се собираат демонстрантите од граѓанското движење „Протестирам“, барајќи Иванов да ги повлече одлуките за помилување политичари и нивни соработници, оставка од Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни.
Ова се 10-ти по ред протести на „Протестирам“, кои почнаа на 12 април, дента кога Иванов ги донесе одлуките за помилување.
18:23 #ШаренатаРеволуција
18:09 На 24. април во недела во 13:30 часот во Амстердам ќе се протестира во знак на поддршка на СЈО.
17:57 Почна да се собира народ пред Специјалното Јавно Обинителство во знак на поддршка.
„Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи“, пишува Протестирам на својата фејбук страница.