Точно на пладне започна најавениот протест против францускиот предлог пред Собранието на Република Македонија.
„Масовно да излеземе и да кажеме НЕ за предлогот со кој се прифаќаат сите бугарски услови. Власта е должна да го слуша гласот на народот кој е против ваков ултиматум со кој се бугаризираат македонскиот идентитет, јазик и историја“, соопштија организаторите.