Кривичниот суд ја изрекува втората пресуда за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
За обвинетите се побарани максимални казни. Тројца од нив, односно Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство.
Обвинетите Фејзи и Хаки Азири се товарат за кривично дело помагање на сторител во извршено кривично дело. Ослободен од обвинението беше Сами Лута, кој претходно се гонеше за „тероризам“.
Во петкратното убиство што се случи во пресрет на Велигден беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.
Ова втора пресуда изречена за „Монструм“ од Основниот кривичен суд во Скопје