(ВИДЕО) Спасовски: Го осудувам нападот врз Никола Тодоров

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази загриженост и го осуди нападот врз поранешниот пратеник и министер за здравство, Никола Тодоров. Според него, партизацијата на виталните институции довела до тоа граѓаните да ја изгубат довербата.

– Ги осудувам сите кривични дела и секое загрозување на безбедноста на граѓаните и државата, ќе преземам активности, институциите мора да работат во интерес на граѓаните. Доколку било кој носител на функција сторил кривично дело против него ќе се води кривична постапка, рече Спасовски.

Тој упати повик до сите граѓани да не преземаат никакви дејствија со кој ќе го загрозат сопствениот живот и животот на другите и рече дека МВР ќе ги превземе сите надлежности да го разреши денешниот случај.

На новинарски прашања, министерот Спасовски истакна дека разговарал со работната група на МВР за настаните од крвавиот четврток и дека се уште не е готов извештајот, но штом ќе биде, тој ќе го сподели со јавноста.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари