(ВИДЕО) „Мост“: Избирачкиот список остава простор за недоверба во него

Од:

Бројот на гласачи кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список не влијаеше на излезноста на референдумот, но ваквата појава која беше присутна на повеќе гласачки места низ дрржавата остава сомнеж врз веродостојноста на податоците во Избирачкиот список, и како резултат на ова, дел од граѓаните не можеа да го остварат своето гласачко право.

Ова е резултат на несоодветна проверка на податоците во Избирачкиот список од страна на членовите на избирачките одбори, рече претседателот на граќанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов при објавување на прелиминарната оценка за вчерашниот референдум.

Тој исто така истакна дека имало и други нерегуларности на вчерашниот ден, дел од набљудувачите на МОСТ во неколку наврати пријавиле случај на пропаганден материјал пред гласачки места, потоа непроверка на палецот со УВ-лампа, непроверка на документи за идентификација, а меѓу другото биле забележани и слуачи на групно односно семејно гласање.

Исто така на мал број гласачки места набљудувачите на МОСТ при крајот на гласањето забележале обиди за нарушување на правилата „еден човек – еден глас“, кои како што кажа Алексов не можат да се окарактеризираат како систематски, туку како изолирани случаи и поради тоа немало влијание врз резултатот на гласањето.

Граѓаните кои гласаа јасно ја изразија својата волја. Гласањето на референдумот помина во мирна атмосфера, со помал одѕив од вообичаено, оцени МОСТ.

Сите гласачки места на кои МОСТ имаше набљудувачи беа отворени навреме и никој од нив не пријавил поголеми проблеми. Имало случаи на пропаганден материјал пред гласачките места, но по интервенција на полицијата материјалот бил отстранет, беше соопштено на денешната прес-конференција.

МОСТ, исто така ги осуди инциндените во Австралија, каде што беа сликани и етикетирани одредени лица, што е недозволиво.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он