(ВИДЕО) Иванов: УБК е жариште на сите кризи, немав намера да прогласам воена состојба

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов отфрли секаква вмешаност во настаните на 27 април и обвини дека се води хајка против него и претседателскиот кабинет со цел да се констриура судско полициски случај.

-Може се да направат, но постојат институции во оваа држава, одговори Иванов за можноста дека постои план за негово апсење.

Тој кажа дека денеска реагира за да ги разобличи како што рече сите лаги за наводна вмешаност на неговиот кабинет, армијата и Агенцијата за разузнавање.

-Никогаш не се размислувало ниту се разговарало за прогласување вонредна состојба, па така немало ниту некаков притисок од меѓународната заедница да се откажам од прогласување на воена и вонредна состојба. Ги повикувам тие од Меѓународната заедница што ми вршеле притисок да се јават и да посочат што ми кажале.

-Тие што ме обвинуваат и создаваат лажни вести ги упатувам дека воена состојба се прогласува кога Републиката е нападната од надвор. Вонредна состојба се прогласува при големи природни непогоди или епидемии. На 27 април немавме ништо од ова, рече Иванов.

Јас сум мета на лажни конструкции со цел да ме вмешаат во настаните од 27 април, се обвинува кабинетот, се вршат закани и притисоци кон мене со цел да отстапам од мојот став за политиките на оваа влада.

Но, јас нема да отстапам од моите ставови, рече Иванов.

Тој кажа и дека давањето лажен исказ пред суд е кривично дело и се одговара.

Од сето она што пишуваа дел од медиумите ништо не беше вистина. Ниту дека сме се подготвувале од Јасен за прогласување воена состојба, ниту дека мојот кабинет дал дозвола за странски разузнавач во Собранието.

Јасен е во владение на владата. Обвинителката Вилма Рускоска јасно потврди дека обвинителството нема докази за вмешаност на кабинетот на претседателот во настаните од 27 април. Јавно сакам да прашам дали исказите на обвинитите се порелевантни од носителите на јавни функции, рече Иванов.

Како претседател на Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на сите кризи во Македонија, ако УБК се дрзнува да ги следи активностите на мојот кабинет и да ме стават во белешки со непостоечки настани, сфаќам дека се гради лажна перцепција за да се конструира судско полициски случај, рече Иванов.

Иванов на прашање одговори дека советникот Алексовски бил упатен на службен пат на 27 април.

-Кога се случи настанот го вратив назад и некаде после полноќ пристигна. Сите извештаи ги има доставено и секои шест месеци е на полиграф, рече тој.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски