Ѓорге Иванов во обраќањето по разговорите со политичките партии кажа дека мандатот за состав на нова влада ќе го даде на тој што ќе го извести дека има мнозинство од 61 глас, но и самиот си додели ингеренции да одлучува за програмата на мандатарот, нешто што го нема во Уставот.
-Членот 90 од Уставот е јасен, претседателот е должен во рок од 10 дена мандатот да го довери на кандидат на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Намерата на уставотворецот кој не ги одредил во детали понатамошните ситуации значи му дава слобода на претседателот, рече Иванов.
Прво доказ за мнозинство во Собранието, па мандат за составување влада. Сепак, во програмата ќе барам да бидат содржани двата клучни приоритети – заштита на државните интереси, односно зачувување на унитарниот карактер на државата и системска реформа на на кризата, на системот на национална безбедност, рече Иванов.
Сепак, Иванов смета дека и со оваа уставна одредба како што сега ја толкува, не го повредил уставот кога мандатот му го довери на Никла Груевски кој немаше мнозинствово Собранието.
-По извршените консултации мандатот му до доверив на Никола Груевски. Решив да направам консултации со надлежните институции, целта беше да ги слушнам размислувањата и ставовите на моите соговорници, за излез од оваа уставна и институционална криза.
Мандат за состав на нова влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести дека добила 61 пратеник во Собранието, рече Иванов кој не сакаше да одговара на новинрски прашања.