(ВИДЕО) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив согласно надлежностите

Од:

Вчера јас во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во Службен весник врз основа на член 52 и 75, со обајснување зошто указот е потпишан само од моја страна, рече претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Појасни дека првиот е за Законот за јазиците, а вториот за ратификација на Договорот со Грција.

Џафери во обраќањето повтори дека постапил согласно Уставот и законот и не чувствува одговорност.

„Јас не чувствувам одоговорност, сум презел се во рамки на мојата надлежност, му дадов доволно време на претседателот за двата указа, но тој не ја исполни уставаната обврска и јас презедов се во рамки на мојата интитуционална надлежност. Според процедурите, Уставот не го испочитува Иванов и со непочитувањето прави злоутреба на службената положба“, рече Џафери по обвинувањата на опозоцијата дека е кривично дело обајвувањето на законите во Службен весник без потпис на претседателот на државата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

Ана Ололовска