(ВИДЕО) Заев: Можно е Верушевски повторно да застане на чело на УБК

Од:

Премиерот Зоран Заев по распитот во СЈО, пред медиумите изјави дека бил повикан да даде исказ како оштетен во случајот „Таргет“ за незаконски прислушуваните разговори.

СЈО го покрена случајот „Таргет“ на 18-ти ноември 2016-та година во кој се осомничени десет вработени од УБК дека во периодот од 2008-ма до 2015-та година незаконски прислушувале 5.827 лица, политичари бизнисмени и новинари.

Премиерот Заев, на новинарско прашање дали се избрани нови директори на БЈБ и УБК одговори дека тие прашања не биле на дневен ред на денешната седница на Владата.

Такви одлуки се очекуваат деновиве.

Заев исто така информираше дека не е исклучена можноста на чело на УБК повторно да застане екс директорот Верушевски, но како што кажа, тоа не зависи само од него.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов