(ВИДЕО) Заев: Не се нудат пари на пратениците за да гласаат

Од:

Гласот на пратениците ќе ја определи иднината на Македонија. Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, порача денеска премиерот Зоран Заев во врска со уставните измени кои што ги предложи Владата, а кои треба да влезат во собраниска процедура.

Според Заев, не треба да се изгубат месеци во нови избори, не треба да се изгуби ниту еден ден за државата. ,,Да бидеме максимално фокусирани преку парламентот. Јавноста е заморена од избори, кои лошо влијаат и на економијата”, рече тој.

Во однос на тоа али ќе ја добијат и поддршкаат од опозициските пратеници, тој рече дека само во моментот на одлучување и на дебата во Собранието ќе може да се види дали постои поддршка.

„Не може да се каже дали е обезбедено двотретинско сега, тоа ќе се види низ дебатите во Собрание. Јас разговарав лично со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отстранам шекулациите за пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен“, рече Заев.

Во однос на објавите дека се обезбедени 80 пратеници, премиерот вели дека процесор не е математика и бројки, туку ќе се посттигне преку разговор и мотивација за одговорност.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Референдум во Република Српска на 25 октомври