Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад

Од:

Граѓаните треба да бидат спокојни, имајќи го предвид фактот дека увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролирана процедура и дека ниту една пратка на отпад не може да помине на граничен премин без соодветна проверка, стои во денешното соопштение од владиниот Сектор за односи со јавноста во врска со дезинформациите за увоз, складирање и согорување опасен отпад во државата и поврзаноста со квалитeтот на воздухот, особено во врска со дезинформациите за согорување опасен отпад во Цементара УСЈЕ.

Во соопштението во кое Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста за клучните факти кои ја даваат целосната слика во однос на користење на РДФ отпад како енергенс во цементната индустрија, се посочува дека тоа е регулирано со Законот за управување со отпад од 2004 година, каде се пропишуваат видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата.

Законот, се подвлекува во соопштението, ги пропишува процедурите и условите за добивање на дозвола за увоз, извоз и транзит на отпад во/од/низ РСМ во зависност од видот на отпадот, неговото потекло, земјата на прифаќање и маршутата на транспорт и типот на третманот кој ќе се спроведе врз отпадот на местото на прифаќање.

– Употребата на алтернативните горива во УСЈЕ се одвива во целосно затворен процес, со високи температури во печките (до 2.000 Целзиусови степени температура на гасовите во печка) со што се обезбедува целосно согорување на ваквиот отпад. Шпекулациите за запирање на филтрите се сосема неточни, бидејќи работата на филтрите е поврзана со целиот процес и со нивно исклучување запира и целокупниот процес, се вели во соопштението.

Како што се додава во соопштението, државата има пропишано строги стандарди дефинирани во А-интегрираните дозволи што ги добиваат индустриските инсталации вклучително и ТИТАН Цементарница Усје, а се преземаат редовни и вонредни инспекциски контроли на исполнетоста за барањата за заштита на животната средина согласно дозволите и царинските контроли при увоз на одобрените видови на отпад.

– Исто така е важно да се напомене дека искористувањето на коксот како енергенс во процесите е строго контролиран и е со количина на сулфур од 4 до 6 проценти согласно важечките прописи во РСМ. Сите други информации за повисок процент на сулфур и неконтролирано согорување се неточни, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

МЖСПП, се додава, води регистар за увезен, извезен или отпад кој транзитирал низ РСМ и истиот е достапен на www.moepp.gov.mk МЖСПП / Документи / Регистри.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски