Во Здравствен дом Битола за три години реализирани 54 нови вработувања, целосно реновирана Службата за итна медицинска помош

Од:

Здравствениот дом во Битола е позитивен пример за успешно работење и во континуитет се реализират активности за зајакнување на кадарот, информираат од Министерството за здрвство.

За три години се реализирани 54 нови вработувања, од кои 24 доктори и 17 медицински сестри. Исто така, одобрени се пет специјализации, две од областа на вонболничка педијатрија и по една од областа на детска превентивна стоматологија, спортска медицина и медицина на труд.

Паралелно со тоа се реализирани бројни реконструктивни зафати, во вредност од шест милиони денари. После 30 години комплетно е реновирана Службата за итна медицинска помош, домашно лекување и ургентна стоматологија, каде е отворена и амбуланта во рамки на дневната болница во која дежураат матични доктори, поставена е нова водоводна мрежа, нова електрична инсталација и поставен медицински под. Воедно, реновирани се и службите за детска превентивна стоматологија и за превентивни прегледи на деца од 6 до 18 години.

Во насока на унапредување на здравствените услуги за пациентите, набавена е нова медицинска опрема во вредност над шест милиони денари, како што се: четири апарати за ЕКГ, стрес-тест, подоскоп, повеќе хематолошки бројачи, две столици за транспорт на пациенти по скали, три хематолошки столици за земање крв на пациенти за испитување во лабораториите, ново санитетско возило, стоматолошки стол и по еден спирометар, аудиометар и реакциометар.

Вкупната сума за реализација на овие активности изнесува 12 милиони денари, со средства обезбедени од ЗД Битола.

Сето ова е значаен придонес за унапредување на условите за работа во оваа јавна здравствена установа и за поквалитетна здравствена заштита за пациентите од Битола и околните места.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот