Во велешкото Посебно основно училиште отворена најсовремена сензорна просторија за децата со аутизам

Од:

Во Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес денеска свечено беше пуштена на користење најсовремена сензорна просторија наменета за децата со аутизам.

Според информацијата за МИА од Лена Гаданец директор на училиштето, во ова училиште се школуваат 12 деца со аутизам и уште три со полесен аутизам или вкупно 15 деца со аутизам.

– Собата е комплетно опремена и една од најсовремените вакви во градот и земјава и со реквизитите кои за овие деца претставуваат релаксација и движење во нивниот свет. Опремена со најсовремени светлосни сигнали кои пријатно зрачат на децата им прават пријатни дразби и чувства. По претстојот во оваа сензорна просторија, децата излегуваат како друга личност, појаснува Гаданец.

Инаку новата сензорна просторија за учениците со аутизам во вредност од четири илјади евра, материјално-технички опремена со донација од фирмата „Изгрев инжинеринг“ ДООЕЛ од Велес и Евангелска Црква во Република Македонија.

Воедно со ова денеска беше одбележан и 2 април – Светскиот ден на лицата до аутизам.

Инаку ПОУ „Маца Овчарова“ од Велес е едно од четирите вакви училишта во земјава кои биле основани во 1972 година.

Училиштето наредната недела ќе одбележи 45 години постоење и успешна работа за децата со посебни потреби од Велес и поширокиот регион на Повардарието.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он