Во велешко Караслари отворена градинка за 40 деца

Од:

Министрите за труд и социјална политика и за финансии, Мила Царовска и Драган Тевдовски заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, денеска ја отворија првата градинка во велешкото село Караслари. Објектот „Пинокио“ е со капацитет за 40 деца, а од буџетот за негово опремување се издвоени околу 850 илјади денари.

„Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава и во предшколските програми да ги вклучиме и дечињата од руралните средини кои досега немаа таква можност. Затоа како Влада посветено работиме на секое дете да му обезбедиме услови за подобар раст и развој“, рече Царовска на отворањето на градинката во Караслари.

Министерот за финансии Тевдовски истакна дека се вложува во градинките, но и во кадарот кој работи со децата.

„Од септемвриската плата исплатена во октомври предвидено е покачување од 5%, за сите околу 4.300 вработени во градинките”, изјави Тевдовски.

Тевдовски додаде дека се работи на проект вреден 35 милиони евра за изградба на градинки, во соработка со Светската Банка.

Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите во градинките и јакнење на капацитетите и кадарот. Од 01 јануари годинава досега МТСП обезбеди финансиска согласност за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време.

Низ Македонија од јуни лани до јули годинава се отворени 11 нови објекти. До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови градинки. За изградба, опремување и одржување на градинките за годинава од Буџетот на државата се обезбедени 41,6 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов