А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес товорен воз усмрти пешак

by А1он10/11/2014 - 14:3597
Share0

Во СВР Велес утрово во 6 часот било пријавено од вработен во Македонски железници  дека товорниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во пешак кој се движел по железничката линија во близина на спортската сала „Гемиџии“. Пешакот починал на лице место.

Добивај вести на вибер

Според првичните сознанија, починатиот е странски државјанин.

Како што информира на денешната прес-конференција Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, од страна на јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес било излезено на лице место и бил извршен увид.

– Се работи на идентитетот на починатиот и утврдување на причините за несреќата, информира Стојковска.

Одговарајќи на новинарски прашања Стојковска информира дека кога се случил настанот на лице место велешката полиција затекнала група странски државјани кои се приведени во Полициска станица во Велес и во моментов се врши разговор со нив.

Според неа, загинатото лице не се движело со групата кои се приведени во Полициската станица во Велес, туку со други 10-20 лица, кои по ударот од возот избегале.

– Оваа втора група која е приведена во Полициската станица во Велес, не го познавала сега починатиот и  затоа тешко дека ќе го утврдиме идентитетот на загинатото лице, бидејќи тоа кај себе немало документи. Ќе чекаме на откривање на идентитетот, а ако тој не биде откриен потоа и најверојатно ќе биде погребано на Новите гробишта во Велес, во гробишта наменети за непознати лица, изјави Стојковска.

Инаку, очевидци велат дека станува збор за маж на  возраст од 30 до 35 години.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен