ВИДЕО: Во вчерашните немири тројца полицајци се повредени, а пет лица се приведени

Од:

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот.

Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола.

За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.

Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска