Во Ваксинце уапсен мигрант од Пакистан кој носел пиштол

Од:

Кумановската полиција приведе шест мигранти, меѓу нив и лице од Пакистан, кај когошто бил пронајден пиштол со неколку куршуми, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 18:30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан. По извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми-известија од кумановската полиција.

Од СВР Куманово информираат дека сите лица се приведени за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски