А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во угостителски објект во Битола откриен алкохол со сомнително потекло

by А1он19/07/2015 - 12:49145
Share0

При контрола на угостителски објект спроведена во текот на мината ноќ, во Битола, инспекциските служби на УЈП открија алкохол со сомнително потекло (без бандероли), кој се служел на гостите.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти УЈП, повикани биле мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.

Парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена им е изречена и на два малопродажни објекти во Битола откако даночните власти кај нив открија неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и неиздавање фискални сметки.

Како што наведуваат од УЈП, акцијата во Битола е во рамките на засилените контроли кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона.

Во наредниот период, од УЈП најавуваат дека особено ќе се фокусираат на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.

bitolamvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто