Во Тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој

Од:

За девет месеци откриени се 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од соседни земји, но и од подалечни држави.

Откриени се во редовните активности што ги презема СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти.

-Во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко. Од затекнатите, 58 женски лица странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поради овие прекршувања на законските одредби, СВР Тетово во овој период изготви 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до основните судови во Тетово и Гостивар.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари