Во тетовско правото на глас го искористиле речиси 80.000 избирачи

Од:

Во шесте општини на тетовското подрачје, на предвремените парламентани избори гласале вкупо 78.939 гласачи, евидентирано е на интернет-страницата на Државната изборна комисија, по објавувањето на првичните неофицијални резултати.

Најмногу гласачи има во најголемата општина Тетово каде правото на глас го искористиле 40.259 граѓани или 45,64 отсто од вкупниот број на 84.541 гласач. Неискористени останале 44.282, а неважечки се 1.093 гласачки ливчиња.

Од партиите во општина Тетово најмногу гласови има добиено ДУИ 11.909 или 30,36 отсто, следи коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива со 8.412 гласови (21,44%), Коалицијата Можеме со 7.417 гласови (18,91%), ВМРО ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија со 5.483 гласа (13,98%), ДПА со 5.091 глас (12,98%) и Левица со 462 гласа (1,18%). Останатите партии се со помалку од еден процент.

Во општина Боговиње од вкупно 10.229 гласови, најмногу има добиено коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива 43,03 отсто или 4.337 гласови. Во општина Брвеница од 6.539 излезени гласачи најмногу гласале за ВМРО ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија кои добиле 1.955 гласови или 30,55 отсто. Во Желино од 7.985 дадени гласови најмногу има ДУИ 2.726 или 34,8 отсто. Во Јегуновце победи ВМРО-ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија со 1.787 гласови или 38,84 отсто. Во општина Теарце вкупно гласале 9.186 граѓани, а најголема доверба добила ДУИ со 2.811 гласови или 31,33 отсто.

Би можело да ве интересира

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер

Тетовските социјални работници побараа поголема заштита од надлежните служби