Во Тетово одбележан Денот на Европа

Од:

По повод 9-ти Мај – Денот на Европа општина Тетово денеска организираше културно-уметничка манифестација што се одржа пред платото на Центарот за култура Иљо Антески Смок во градот.

Настанот беше отворен со изведба на музичкото дело „Ода на радоста“ на Лудвиг ван Бетовен од страна на учениците на музичкото училиште „Тодор Скалоски Тетоец“. Во рамки на прославата учениците од тетовските училишта рецитираа песни, играа традиционални ора, а упатија и порака за обединување.

– И по 68 години од иницијативата на Роберт Шуман за помирување останува заложбата за меѓусебно разбирање и заеднички залагања на народите и националностите за подобра иднина без војна и мир за сите, рече претседавачот на Советот на општина Тетово Беким Мемети.

Во рамки на продславата на Денот на Европа дел од учесниците возеа велосипеди низ централните градски улици, а беа поставени и штандови од ученици од основните училишта преку кои беа претставени културата, традицијата и различна храна од националните кујни на неколку земји членки на Европската Унија.

Денот на Европа беше одбележан и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со панел дискусија, во организација на Правниот факултет од УЈИЕ и ЕУ инфо центар во Скопје и на која учествуваше членот на Европската комисија Рајнхард Прибе заедно со професорите Блерим Река и Беким Нухија на тема „Владеење на правото и европските вредности“.

Би можело да ве интересира

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ