А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Во Тетово и околните места не се почитува самоизолацијата, не се носат маски, не се држи дистанца

by Кристијан Ландов29/05/2020 - 14:1929/05/2020 - 14:20724
Share0

Во Тетово не се почитуваат решенијата за самоизолација како и мерките за држење дистанца, забраната за групирање, носењето на маски, кажа министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека во Штип е затворен и цел погон од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат поради заразен со коронавирус кој работел таму. Филипче посочи дека мерките мора да се почитуваат за да се врати во нормала целото функционирање.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Се направи надзор во Тетово, од локалниот Центар за јавно здравје и во Штип кај што се анализираат сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има непочитување на сите изречени мерки, носењето на маските и дистанцата, како во Тетово, така и во околните места каде има ново дијагностицирани случаи. Од увидот во Штип непочитување на правилото за транспорт, посебно на вработените во конфекциите, каде има новодијагностицирани пациенти. Еден погон е затворен по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, меѓутоа, во транспортот во автобусите се возат вработени во сите конфекции, не се почитува правилото за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето на маски. Во таа една конфекција има 17 заболени и 70 контакти во изолација“, рече Филипче.

Во шест градови низ земјава има по пет активни случаи, а во 15 градови нема регистрирано заболени од коронавирусот.

„Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се прави статистиката изнесува 5,5 проценти а е калкулираат и тестовите од скринингот. Капацитетот во болниците е пополнет 11% и со тоа здравствениот систем е во добра кондиција. Бројни оздравени здравствени работници, висок над 92%, понатаму инциденцата во последните 14 дена е 10,3% односно трипати помала во однос на пикот во април месец, но продолжуваме постојано да пратиме. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема. Во Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Кавадарци, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево и Кратово. И во шест градови до пет активни случаи, во Струмица, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино“, рече Филипче.

Следете a1on на Youtube YouTube
koronavirus mkdmztetovo

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 11:0529/08/2026 - 13:05

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он27/08/2026 - 16:34

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Горан Наумовски27/07/2026 - 16:27

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он20/07/2026 - 18:2520/07/2026 - 20:19

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Горан Наумовски18/07/2026 - 11:43

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Горан Наумовски03/06/2026 - 12:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео