Во Тетово годинава регистрирани 70 случаи на семејно насилство

Од:

Вкупно 70 кривични дела поврзани со семејно насилство биле пријавени во полиција во текот на годинава заклучно со ноември на подрачјето на СВР Тетово.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, еден случај завршил и со убиство што се случило во Гостивар како последица на семејни недоразбирања помеѓу двајца сопружници од Скопје. Во останатите случаи имало вкупно 68 сторители и тие се завршени со поднесување 58 кривични пријави од страна на полицијата до обвинителството.

– Најчести жртви на овој вид насилство и годинава се жени, вкупно 53. Главно станува збор за сопруги, поранешни или невенчани сопруги, но и мајки, баби, сестри и друго додека најчести насилници се машки лица, најмногу сопрузи, синови и татковци. Покрај сопруги, неретко како жртви се среќаваат и родители, дедовци и баби, рече Јосифовски.

Според неговите податоци, како причини за овие случаи најчесто биле посочувани психички растојства, пороци, семејните недоразбирања, беспарица и друго. Тоа, додаде, предизвикувало различни последици врз жртвите како психичкото малтретирање што многу често прераснувало и во физичко насилство со нанесување телесни повреди, загрозување на сигурноста и посегнување по животот.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он