Во тепачка во Тетово едно лице се здобило со три убодни рани

Од:

С.С.(23) од Порој се здобил со три убодни рани по бурната расправија и тепачка меѓу повеќе лица што вчера околу 18 часот и 30 минути се случила на улицата „ЈНА“ во Тетово во меѓупросторот каде што има повеќе кафулиња, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, како осомничен дека извадил и употребил остар предмет при тепачката е малолетник со неполни 16 години од Тетово, кој при тоа му нанел три убодни рани на С.С.,  во левата натколеница, левата подлактица и левата страна од градите.

– Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде поради обилното крварење од тешките телесни повреди бил препратен во скопскиот клинички центар Мајка Тереза каде бил примен во контактибилна состојба. Осомничениот малолетник заедно со негов родител биле повикани во полициската станица Тетово при што бил обавен разговор додека екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на самото место на кое пронашле, фотодокументирале и подигнале повеќе траги за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски