Едно лице е повредено од нож во тепачка помеѓу две групи што синоќа околу 20 часот и 20 минути се случила на улицата „ЈНА“ во Тетово пред кафулето „Имиџ“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години и според нивното кажување тие во посоченото време и место биле нападнати од група од десеттина други лица при што тројца од пријавителите задобиле видливи повреди по главата и телото, додека едниот успеал да избега и да помине неповреден.
Во тепачката во која биле користени тупаници, безбол палки, шишиња и други предмети, Б.Л.(25) кој бил во другата група бил повреден со нож при што добил расекотини во рамото и вратот и веднаш бил префрлен на скопските клиники.
– Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, утврдувањена идентитетот на сите кои учествувале во нстанот кој се води како насилство по што ќе следуваат соодветни поднесоци, рече Јосифовски.