Во Струмица одбележана 60-годишнината од раѓањето на претседателот Трајковски

Од:

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот Македонија, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател на РМ, Борис Трајковски, денеска Струмица ја одбележа 60-годишнината од неговото раѓање.

Мирен по табиет, немирен по дух, голем по идеали и скромен по практицирањето на неговата животна филозофија, вака за сограѓанинот Борис Трајковски, зборуваше претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов.

– Веселото момче од струмичките сокаци, гиманзијалецот, правникот, верникот, семејниот човек, политичарот, заменик министерот, претседателот и вљубеникот во Македонија, но пред се човекот Борис Трајковски не е веќе суштински дел од нашето современо битисување, но несомнемо во тоа битисување остави неизбришливи траги, рече Христов.

Посочи дека најважно е секој од нас во себе да изгради паметник за Трајковски.

– Во тоа име изградивме скормен мост и го нарековме по него, за да се знае дека Борис Трајковски ја имаше надареноста и човечноста да гради мостови на пријателството. Го кренавме и споменикот „Македонија“ во негова чест, за да се знае дека Борис Трајковски и Македонија се две нешта кои функционираа во своевидна љубов и симбиоза. Можеме да сториме така слични неброени материјални добра кои симболично ќе зборуваат за едно осведочено постоење и делување, но фактички, ништо како да не сме сториле, доколку секој струмичанец и Македонец не успее да изгради паметник на Борис Трајковски во своето срце, додаде Хрисов.

Пред споменикт свежо цвеќе положија делегации на општината, политичките партии, здруженија и граѓани, а доделени беа и награди за најдобри творби на тема на делото на претседателот Трајковски.

Би можело да ве интересира

Трајковски побара изземање на Јанева од „ТНТ“ заради „Рекет“

А1он

Трајковски за оставката: Ова нема врска со метлата, одам на друга функција

Кристијан Ландов

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е атака врз правата на пациентите, се кршат човекови права

Наум Локоски

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Будимпешта

Наум Локоски

На социјалните мрежи се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Наум Локоски

ВИДЕО: Демонстрантите доставија писмо до Иванов со барање за помилување на Груевски

Наум Локоски