Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е атака врз правата на пациентите, се кршат човекови права

Од:

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски, вели дека против него бил доставен предлог за поведување дисциплинска постапка.

Трајковски на својот фејсбук-профил соопшти дека го товарат оти постапил спротивно на Законот за Царинската управа, односно извршил злоупотреба на боледувањето.

„Злоупотребата на боледување сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи),S а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење. Оваа покрената постапка значи директен атак врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И конечно оваа постапка не значи ништо друго освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како Советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Трајковски.

Денес околу 16:20 часот (работното време во Царинската управа е до 16:30 часот) до мене како вработен и официјално беше…

Posted by Александар Трајковски on Понеделник, 21 јануари 2019

Трајковски, кој покрај тоа што е цариснки службеник, избран е и за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, најави дека ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.

„Како Советник избран од граѓаните на Општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните преставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно делување и носење на одлуки“, додава Трајковски во статусот на социјалната мрежа.

Царинскиот службеник претходно изјави дека зел боледување од работа за да изврши специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. За неговиот престој во Будимпешта се дозна кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со Никола Груевски. Од Царинската управа тогаш изјавија дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски